ВМРО-ДПМНЕ смета дека пописот, чии резултати беа презентирани денеска, е некомплетен поради изнесениот податок дека 7,2 отсто од граѓаните не биле попишани, а податоците биле преземени од бази, без притоа да се дефинира нивната етничка припадност. Пописот, сметаат од партјата е и поразителен, поради алармантните бројки за иселување од државата.
-ВМРО-ДПМНЕ сметајќи дека овој попис е некомплетен се обврзува по смената на власта да спроведе чисто електронски попис по сите европски стандарди кои што може да биде и комплетен, и веродостоен и да ги нема фалинките и недостатоците кои што ги имаат овие пописни бројки. Пописот ваков каков што е во Република Македонија покажува алармантни бројки кои што се поразителни за сите општини освен за градот Скопје, и за целата држава, особено со тоа што имаме преголемо иселување. Пописот власта сака да го покаже како успех, иселувањето покажува дека истиот е неуспех, а бројката од 7.2% неизјаснети покажува дека овој попис е некомплетен, рече на деенешната прес-конференција Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.
Според него, пописните бројки се показател за неуспех бидејќи, како што нагласи, има силен бран на иселувања, операција спроведена со низа забелешки, и со многу политика. Затоа, нагласи Милошовски, сметаме дека ваквите бројките секој има право во нив да се сомнева.
Затоа, додаде тој, партијата смета дека Државниот завод за статистика не се потрудил да ги искористи податоците за да го направи овој попис да изгледа комплетен. Ваквите податоци, нагласи, пописот го прават некомплетен.
-Имаме 7,2% коишто го бојкотирале пописот тоа се повеќе од 132.000 граѓани, а живеат во државата. Имајќи предвид дека дел од Македонците овој попис го бојкотираа. Бројките на ДЗС требаше да се соопштат откако ќе се дефинираше припадноста на секој жител кој не се попишал или не се изјаснил на пописот. Затоа денес имаме некомплетен попис во овој дел, истакна Милошоски.