ВМРО-ДПМНЕ: Две лица починаа поради негрижата на министерот Таравари, најмалку што може да направи е да си поднесе оставка

by fokus

„Неспособноста на владата на СДС и Заев започна да одзема и човечки животи. Во овој момент најмалку што може да направи министерот Таравари е да си поднесе оставка заедно со неговиот тим“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата обвинуваат дека поради негрижата на министерот за здравство Таравари, починаа две лица на возраст од 47 и 23 години.

„Граѓаните на Република Македонија имаат право да знаат дека се шири смртоносна болест низ државата, и барем да можат да се заштитат самите кога веќе не ги штити владата која има обврска за тоа. Граѓаните исто така имаат право да знаат дека во животна опасност се уште 6 лица кои се во моментов на инфективната клиника.

Директна одговорност за ова има министерот за здравство, Таравари бидејќи причината за немањето дијагноза за причинител од која починаа две лица, а 6 се во животна опасност е тоа што нема реагенс во институтот за јавно здравје, а пак причината за можност за големи ризици и нови загрозувања е фактот дека не воспоставиле карантин, а биле должни да воспостават.

Време е министерот за здравство да започне да работи за доброто на граѓаните, а не своето време да го поминува во одржување на разно разни средби со амбасадорите“, стои во соопштението.

 

Поврзани новости