Дури ни Вице не му верува на Зоран Заев кога вели дека се плашел некој да не му подметнел пари во Универзална сала! Сигурно и двајцата си се смеат кога отпосле ги слушаат лагите со кои срамно се потценува интелигенцијата на граѓаните, реагираат преку соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
„Целата јавност во Република Македонија виде како Зоран Заев бара поткуп од 200.000 евра. Заев е единствениот човек во Европа кој е премиер a за него постои јасен доказ дека ја злоупотребува функцијата барајќи поткуп. Граѓаните имаа можност да го слушнат и оштетениот бизнисмен кој и пред судот опиша како Заев му бара евро од метар квадратен за него, едно евро за партијата и едно евро за црквата. Со тоа македонската јавност се увери за каков корумпиран човек станува збор – се наведува во партиското соопштение.
Од таму додаваат дека Заев со државата се однесувал како да е негов сопствен картел.