ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се лицемери, од една страна организираат со СДС црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени

by Fokus

Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија ДУИ за лицемерие. Велат дека ДУИ од една страна организираат со СДСМ црни сценарија за етнички конфликти од друга глумат загрижени и подбуцнуваат групи да дивеат и внесуваат раздор.

„Така владееја над 20 години. ДУИ треба да знае дека СДС не е на власт, а ДУИ е опозиција. И сите нивни инструменти и потрчковци кои ќе посегнат по рушење на редот и поредокот ќе одговараат. Ниту ДУИ ниту Ахмети не се над законот.

Наместо протести, бидејќи ДУИ нема сила за протести добивме кукавичко сценарио за етнички поделби и конфликти. Ќе загубите и овој пат“ порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости