0
ДУИ со драмата што ја прават пред Уставниот суд сака да ги скрие своите криминали и на партнерите од СДС и затоа прават протест, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Драмата на ДУИ пред Уставен суд е режирана заедно со СДС и очигледно е организирана од политичари вмешани во криминални дејствија. ДУИ и СДС имаат страв дека ќе одговараат за сите криминали и предавства што ги направија, па организираат протест пред Уставен суд, за да не завршат во друг суд.
ДУИ и СДС, знаејќи дека ништо нема да се случи во среда, се кријат и сеат магла преку протест. Од ДУИ и СДС, само треба ја слушнат изјавата на премиерот Мицкоски, се ќе им биде јасно“ додаваат од владејачката партија.