Помина уште еден ден, и повторно молк од Спасовски и МВР за прашањата поврзани со картелот Заеви и шверцот на дрога. Картелот Заеви ја направија Македонија дувло на криминал. Дрога се произведува, се шверцува низ цела држава, а Заев безгрижно си вози мотори низ Македонија“, стои во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму прашуваат, дали Александар Ушилковски кој е уапсен во акцијата, која беше спроведена од ДЕА, е личен шофер, токму на Трајче Заев?
-Дали комбето со грчки регистарски таблички, во кој е пронајдена дрогата во вредност од над 800 илјади евра, е на фирма која е партнер на фирмата на Заеви? Токму од таа фирма од каде тргнала пратката која е запленета при оваа акција.
Истото така нема одговор за сопственоста на фирмата „Медикал 420“, која е вмешана во овој криминал.
Колку илјадници килограми марихуана изминативе години се шверцувани и пуштени во оптек од плантажите со марихуана, од кои голем број на лиценци кои беа издадени се поврзани токму со фамилијата Заеви и блиски соработници на власта?
За сите криминали на власта и картелот на Заеви ќе има одговорност. За многу скоро власта ќе биде одземена од рацете на мафијата и ќе биде вратена во рацете на граѓаните, велат од најголемата опозициска партија.
Скопскиот кривичен суд одредил триесет дневен притвор за шестмината осомничени за шверц на марихуана приведени во акцијата на Министерството за внатрешни работи во петокот во близина на Плетвар, јавија повеќе медиуми. Тие се повикуваат на извори од обвинителството кои велат дека судот го прифатил нивното барање за одредување мерка притвор за „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” кривично дело кое е предвидено и казниво по член 215 став 3 од Кривичниот законик.