230
„Љупчо Дон Николовски, очигледно, кога станува збор за народни пари не памети колку каде дал, секако сеедно му е. Лага e тврдењето на Дон Николовски дека хотелите во САД во кои престојувал биле евтини. Хотелите во САД се платени неколку стотина евра од вечер, потврда за тоа се и документите кои самиот Дон Николовски ги доставил во сметководството на МЗШВ“ соопштија денеска од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
Од таму посочуваат „Дон Николовски ништо не го вади од одговорноста, дека додека земјоделците тука мака мачеле со откуп и пласман, тој ноќевал по скапи хотели платени неколку стотина евра“.
„Дон Николовски раскалашено се однесувал со народните пари. Дон Николовски е лицемерен, никој повеќе не му верува“ велат од ВМРО-ДПМНЕ.