ВМРО-ДПМНЕ до Ковачевски: Враќањето на државата кај народот не е откажување од иднината

by fokus

Ковачевски да разбере, штитењето на државните интереси, враќањето на државата кај народот не е откажување од иднината, туку создавање на реална и остварлива иднина, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ по изјавата лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски од Струмица кој порача дека опозицијата предлага да се откажеме од европската иднина.

-Европската иднина на Ковачевски се сведе на редици за пасоши, уцени од Бугарија и огромни криминали. Што од ова е Европа и што од ова е иднина. Изборите се одлука за Македонија на Ковачевски, и Македонија на народот, се вели во реакцијата.

Поврзани новости