ВМРО-ДПМНЕ до Бектеши: Како порака со содржина дека е срамота што МВР се занимава со млади луѓе не е притисок?

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение порачаа дека е „добро што Крешник Бектеши призна дека правел притисок“ и побараа од ЈО и судството да постапат.  Од владеачката партија прашуваат „како тоа порака со содржина дека е срамота што МВР се занимава со млади луѓе не е притисок“?

-Дали за Бектеши младите прекршители на законот или криминалци не се криминалци?

Што за Бектеши се млади луѓе дали тоа се лица од 18 до 30 години и дали тие не треба да се гонат ако направиле прекршок или кривично дело? Која порака Бектеши ја упатува до младите?, стои во соопштението од партијата на Христијан Мицкоски.

Екс-министерот ја објави фотографијата од пораката што му ја испратил на полицискиот началник во СВР Охрид, за која заработил пријава.

 

Поврзани новости