ВМРО-ДПМНЕ: Директорот на БЈБ да каже зошто не ја пријавил фирмата на синот во Антикорупциска

by Fokus
Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ го обвини директорот на БЈБ Сашо Тасевски дека место да сузбива криминал, тој самиот го прекршува законот, бидејќи фирмата на неговиот син регистрирана на домашна адреса не ја пројавил во Антикорупциската комисија. 
 
„И директорот на БЈБ, Сашо Тасевски, се впушти во бизнис водите преку неговиот син, да не остане покус од неговиот вистински шеф Али Ахмети, чии деца и внуци исто така имаат голем претприемачки дух. На 12 октомври лани на домашната адреса на Сашо Тасевски, е регистрирано Друштво за трговија, услуги и производство СМАРТИОТ ДООЕЛ, компанија која се занимава со информатичка технологија, со ограничена одговорност на едно лице, сопственик и управител, синот на Сашо Тасевски“, стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ. 
 
Според опозициската ВМРО-ДПМНЕ Тасевски треба да даде одговор, зошто оваа фирма на име на синот не ја пријавил во ДКСК, за што има законска обврска.
Замислете, човекот задолжен за спроведување на законот и безбедноста во Македонија, самиот го прекршува законот. Криењето на имоти и фирми очигледно е главна одлика во СДС, а каде јавноста се запозна преку аферата ‘Тајни имоти’ Граѓаните заслужуваат власт, која искрено се грижи за нивната безбедност, а не лица, на кои поважно им е синовите да ги направат бизнисмени и милионери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

Поврзани новости