ВМРО-ДПМНЕ: Детектиран афлатоксин во сурово млеко во една од поголемите млекари во Македонија

by fokus

Владата на СДС и ДУИ, поточно Агенцијата за храна и ветеринарство на 21 септември оваа година во Македонија дозволила увоз на околу 20 тони трајно млеко од Република Србија, реагираат утринава од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ни помалку, ни повеќе во млекото пуштено во промет е детектиран афлатоксин М1 над максималното дозволено ниво. Оттука ова млеко е штетно за пиење, а истото  предизвикува труење и други компликации по здравјето на граѓаните. Ова се темели на докази, односно ова е резултат од лабораториски анализи. Да се даде зелено светло за увоз на вакво млеко со канцерогени материи е недозволиво! Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство е целосно промашување! Наместо целосна контрола при увоз на храна, АХВ под раководство на Бабовски свесно пушта во употреба производи со канцерогени материи. Оттука, се поставуваат прашањата, кој и зошто дозволил млекото во која е детектирано амфлатоксин М1 од Србија да биде пуштено во употреба во државава, во која количина од увезеното млеко завршило на рафтовите и дали АХВ има постапено по добиените наоди од тестирањето? Дополнително, има информации дека во сурово млеко во една од поголемите млекари во Македонија исто така е детектиран афлатоксин М1 во млекото. Во истото се надминати максимално дозволените нивоа согласно Правилникот за општите барања за безбедност на храната, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости