648
Процесот на десоросоизација е неопходен за Македонија да се ослободи од злото кое го убива оној дел од цивилниот сектор кој не може да го купи и земе под своја команда за да му слугува на Заев и на СДСМ, велат од ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение.
-Како и многупати досега организациите финансирани од луѓе како Владе Милчин и неговите духовни чеда Павле Богоевски, Ивана Туфегџиќ и Лидија Димова кои глумеа невладини седнати во скутот на СДСМ, се обидоа да ја уништат во корен секоја мисла различна од нивната пропаганда која добива и насилничка форма. Токму затоа граѓаните на 11-ти декември им кажаа не во огромно мнозинство на ваквите насилници и застанаа зад процесот на десоросоизација на македонското општество, велат од ВМРО-ДПМНЕ.