ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе одлучи дали ќе го бојкотира референдумот

by fokus

ВМРО-ДПМНЕ деновиве ќе донесе одлука дали ќе го бојкотира референдумот за Договорот со Грција, најави денеска генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев.

-ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, секој има право на мислење, а официјалните ставови ги соопштуваме офицајлно, рече Јанушев одговарајќи на прашање дали повикот за бојкот на пратеникот Антонио Милошоски е став на партијата.

Јанушев го повтори ставот дека не се согласуваат со референдумското прашање и дека тоа е за нив двосмислено.

Поврзани новости