396
ВМРО-ДПМНЕ ги демнатира и најостро ги осудува обвинувањата на „Цивил“ дека нејзини активисти претепале пејач што снимал спот за ДУИ.
-ВМРО-ДПМНЕ ќе ги информира меѓународните донатори на „Цивил“ за нивните партиско-политички активности. При бруталниот напад на градоначалникот и кандидат за градоначалник на општина Шуто Оризари, Елвис Бајрам, „Цивил“ бесрамно лажеше и ја манипулира јавноста дека станува збор за некакво си приватно недоразбирање, а не за крвав напад инспириран од политички побуди. ВМРО-ДПМНЕ бара МВР веднаш да го расчисти инцидентот и да не дозволи невладините организации под контрола на СДС и нивните медиуми да злоупотребуваат вакви инциденти, стои во соопштението.