ВМРО-ДПМНЕ: Дали во изјавата што се крие, Јанева ја разоктрива целата шема и сите инволвирани од власта?

by fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во денешното соопштение обвини дека се криеле докази за случајот „Рекет“, се уценувале луѓе да внимаат што зборуваат и се тужеле новинари.

-Од 21 април, моментот кога Заев наводно дознал за случајот РЕКЕТ, до денес поминаа точно 8 месеци, а се уште обвинителството и судот кои се приклештени од Заев ловат во матно и се обидуваат да ги прикријат вистинските инволвирани во случајот рекет односно нарачателите. Вчера целата јавност можеше да прочита како писмото за кое што сите видовме преку медиумите и дознавме кое го испратила Катица Јанева од притвор до Љубомир Јаневски содржи сведочење од истата Јанева дека Вилма Русковска можно е да ја сокрила нејзината изјава и не ја пријавила кај Љубомир Јаневски. Затоа прашуваме што стоело во изјавата на Катица Јанева пред Вилма Русковска и зошто никој не ја споменува во постапката оваа првична изјава на Катица Јанева? Дали во таа изјава Катица Јанева ја разоткрива целата шема на рекетирање и ги открива сите детали и сите инволвирани на луѓето од врвот на СДСМ и Власта во најголемиот случај на рекетирање? Дали можеби во таа изјава која Русковска ја сокрила од Јовевски се споменува и Зоран Заев или некој друг од врвот на власта од страна на Јанева?, прашува ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости