ВМРО-ДПМНЕ: Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз?

by Fokus

Дали владата веќе го прифатила предлогот од Париз, информациите говорат дека е усогласен со МНР?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Според нашите информации предлогот од Париз е усогласен преку канали на комуникација со МНР во Македонија, односно Ковачевски го одобрил истиот пред официјално да биде испратен. Предлогот за решавање на спорот е многу полош за Македонија од сите предлози претходно. И тој предлог значи асимилација на Македонците и насилна бугаризација доколку сакаме да влеземе во ЕУ. Со евентуално прифаќање на овој предлог СДСМ и ДУИ нанесуваат трајна штета на Македонија и Македонците“, се посочува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

 

Поврзани новости