СДС и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација и што е целта, дали сакаат да избегнат одговорност за ограбената држава?, прашуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Филипче потрча со статус на фејсбук да си ја тргне мувата од копата, но џабе, и малите деца знаат дека СДС е помалиот брат на ДУИ. Сите криминали кои ги правеше ДУИ нема да беа возможни без СДС. СДС да кажат што планираат со ДУИ и дали целта е да се заштитат од одговорност за сторените криминали и ограбената држава? И СДС и ДУИ треба да знаат дека насилство и безредие нема да им помогне, напротив и за тоа ќе треба да одговараат и да се соочат со последиците на сопствените дејствија, се вели во соопштението.
Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за „Фокус“ дека ДУИ наесен планира дестабилизација на државата, со цел, како што рече, да го заштити капиталот стекнат во изминатите 20 години.