ВМРО-ДПМНЕ: Дали ќерката на полициски функционер со службен џип заминала во Грција да положи цвеќе за Илинден?

by Фокус

Откако скандалот што се поврзува со семејството на директорот на Бирото за јавна безбедност Лазе Велковски одекна во јавноста, МВР-ТУРС се обидува да го засени со оправдувања дека возилото било управувано од службено лице со налог, изјави рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

-МВР три дена молчи и не одговара што бара нивно службено возило во кампот Евридики во соседна Грција? Кој издал налог и што барал полициски службеник со службен џип во кампот? Кого превезувал во џипот и чии се кесите од „Лидл” кои што се гледаат во багажниот простор? Срамно е МВР да не знае три дена што се случувало со службеното возило и преку соопштенија да ја манипулира јавноста. Дали сакаат да нѐ убедат дека службената делегација на МВР предводена од ќерка на висок функционер и нејзини другарки со службен возач била испратена во кампот Евридики да полагаат свежо цвеќе за Илинден – рече Стоилковски.

Според него, постојат само три вакви џипа во МВР и, како што вели, точно се знае кој ги должи.

-Џиповите се дел од поголема донација на Европската унија и треба да бидат наменети за граничната полиција и поефикасно справување со илегалната миграција. Тука се поставува прашањето кога СДСМ и нивните функционери вака се однесуваат со донациите на ЕУ за кои што нашите меѓународни партнери водат сметка како се употребуваат, што ли прават со парите на граѓаните? Ова не е ништо друго, туку бескрупулозна злоупотреба на државните ресурси за задоволување на хедонистичките потреби на функционерите на СДСМ и на нивните семејства – истакна тој.

Претходно, дел од медиумите објавија дека во посоченото возило била ќерката на директорот на јавната полиција Велковски, додека од МВР посочија дека возилото го управувало службено лице со уреден патен налог, но не прецизираа за какви цели поточно бил во Грција.

Поврзани новости