ВМРО-ДПМНЕ: Дали и колку од грчките милиони исплатени за Кочо Анѓушев завршија во џебовите кај Заеви?

by Fokus

Лагите на Заев во врска со ангажманот на Христијан Мицкоски не можат да го покријат најголемиот државен грабеж што во моментов го реализира криминалниот картел на власт, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е еден од најкомпетентните експерти во областа на енергетиката и благодарение на неговиот ангажман постигнати се огромни резултати на ова поле,  а граѓаните секојдневно не стравуваа од нови поскапувања. Сега ситуацијата е поинаква. Криминалци го советуваат Заев, а тој ги плаќа со пари на граѓаните. Единствен интерес и на криминалците и на Заев е како да приграбат што е можно повеќе пари за себе – се наведува во партиското соопштение.

Од таму додаваат дека СДСМ мора да одговори, дали и колку од грчките милиони исплатени за Кочо Анѓушев завршија во џебовите кај Заеви, а колку кај него?

Поврзани новости