Лагите на Заев во врска со ангажманот на Христијан Мицкоски не можат да го покријат најголемиот државен грабеж што во моментов го реализира криминалниот картел на власт, реагираат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ е еден од најкомпетентните експерти во областа на енергетиката и благодарение на неговиот ангажман постигнати се огромни резултати на ова поле, а граѓаните секојдневно не стравуваа од нови поскапувања. Сега ситуацијата е поинаква. Криминалци го советуваат Заев, а тој ги плаќа со пари на граѓаните. Единствен интерес и на криминалците и на Заев е како да приграбат што е можно повеќе пари за себе – се наведува во партиското соопштение.
Од таму додаваат дека СДСМ мора да одговори, дали и колку од грчките милиони исплатени за Кочо Анѓушев завршија во џебовите кај Заеви, а колку кај него?