ВМРО-ДПМНЕ: Дали е точно дека фирми блиски до власта добиле над 55 милиони евра кредит без покритие од Еуростандард банка?

by fokus

Во аферата „Еуростандард“ тешка над 150 милиони евра, дури над 20 милиони евра кредити без покритие се делени на струмички компании блиски до власта“, обвини денеска Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вистинското прашање во аферата тешка 200 милиони евра е на кој начин се одобрувани кредитите кои набрзо станувале лоши пласмани и зошто тоа било премолчувано од најмалку три финансиски институции задолжени за контрола на банките. Дали е точно дека во аферата Еуростандард банка тешка 200 милиони евра, над 55 милиони евра кредити без покритие се делени на различни компании меѓу кои и струмички компании блиски до власта? Јавноста ја интересира кои се тие компании кои земале пари без покритие, или со хипотеки со преценета вредност. Сомнежот е дека се делени кредити за недвижнини со нереална и над проценета вредност со цел да се добијат повеќе пари. Да потсетиме дека Зоран Заев изјави дека знаел за работењето на банката една година, а министерката за финансии заштедата од 250 илјади евра навреме ја извадила од банката“, рече Димитриеска – Кочоска.

Таа рече дека ова е коруптивен случај чии пипци одат до највисоките структури на власта. Кочоска посочи и дека е шокирана од одлуката на Антикорупциската комисија од каде денеска порачаа дека нема да бараат кривична одговорност за министерката Ангеловска

-Се поставува прашањето дали таа намерно и полека го вадела својот депозит за да не биде воочливо одеднаш и притоа токму заради такви случаи како Нина Ангеловска кој што требале во последната година да ги повлечат своите депозити се одвлекуваше стечајот на банката и не баш пред избори не знам зошто повторно гувернерката ќе треба да одговори на прашањето, туку после избори ние имаме отварање на стечај на банката. Антикорупциска по мене тука е само и не помене, туку е и ставот на ВМРО-ДПМНЕ е само продолжена рака на Зоран Заев“, рече Димитриеска – Кочоска.

Поврзани новости