ВМРО-ДПМНЕ: Дали Арсовска и Ковачевски наместо пари за превозниците на средбата договарале провизија?

by fokus

Дали градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и лидерот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски наместо пари за превозниците на средбата договарале провизија од набавката на нафта за ЈСП која ја доби фирма на пратеник од власта, прашува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Дали сите провизии на ЈСП и на Арсовска ги договара еден нејзин роднина и уште еден сметководител бизнисмен од Ѓорче Петров?

Ковачевски и Арсовска на тајните средби кои ги имаат да го побараат овој попуст за ЈСП, и така да заштедат пари, наместо истите да одат кај луѓе од нивното опкружување и сметководители со сомнителни дејанија, велат од опозицијата.

Според нив, тендерот од 27 милиони евра за набавка на нафта за потребите на ЈСП, потпишан од директорот на тоа претпријатие кадар на СДС Александар Стојковски е без вообичаениот рабат, односно попуст од 6 денари по литар.

-Попуст за набавка на нафта во ЈСП секогаш во минатото имало, дури и во времето на Шилегов, но не и со Арсовска.

Тендерот за набавка на нафта е за набавка од 14.500.000 литри. Со попуст од 6 денари, тоа се 1.400.000 евра заштеда. Оваа набавка е од компанија на пратеник од власта.

1.400.000 евра се сосема повеќе од доволни за да го решат проблемот со превозниците. Но очигледно поважно е овие пари да завршат во нечиј џеб, отколку за скопјани, тврдат од опозицијата.

Поврзани новости