420
Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ бараат од Државната изборна комисија и Александар Чичаковски, сите оние кои се дел од ДИК, а имаат судир на интереси веднаш да бидат разрешени.
– Веднаш треба да биде разрешен генералниот секретар на ДИК Добре Јанчев, кој што е сопруг на Љубица Јанчева која е втора на советничката листа на СДСМ за Град Скопје – Невенка Стаменковска од ДПМНЕ.
Според неа, Јанчев наместо непристрасно да работи за спроведување фер и демократски избори, со секоја одлука ќе работи во интерес на својата сопруга и СДСМ.