ВМРО-ДПМНЕ: Човек кој тепаше жени ќе ја претставува државата во ООН

by fokus

Тежок блам за Пендаровски, човек кој тепаше жени ќе ја преставува државата во ООН, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ на одлуката на претседателот Стево Пендаровски со указ го назначи професорот Љубомир Фрчкоски за ополномоштен амбасадор на Македонија во Организацијата на Обединетите нации во Њујорк.

– Љубомир Фрчкоски е човек кој беше пријавен за тепање на жена на паркинг, тој е човекот кој беше обвинет за учество во шверцот на нафта и цигари во 90-тите години. Во време на Фрчкоски се случи атентатот врз Претседателот Киро Глигоров, кој потоа никогаш не беше расчистен.

Љубомир Фрчкоски е човек со сомнително минато, кој ќе остане запаметен по скандали и криминали. Соединетите американски држави не го прифатија Фрчкоски за амбасадор во Вашингтон, а сега Пендаровски го праќа на нивна територија во Њујорк. Пендаровски ги потценува САД, се вели во рекацијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости