ВМРО-ДПМНЕ: Членовите на ДУИ се потврдени криминалци од Стејт департментот на САД

by Fokus

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ по обвинувањата од ДУИ дека се фабрика за лажни вести воо соопштение до јавноста одговори дека единствена фабрика за лажни вести е токму владејачката парија.

„Единствена фабрика со директор Ахмети е таа за криминал, која ја поседува фирмата за криминал ДУИ. Ахмети да каже како внук му без вложен денар ја купи Соравија, додека обичните Албанци одат странство за да заработат за преживување. Ахмети да каже како неговото семејство стана едно од најбогатите во Македонија. Како внук му преку ‘Тор Индустриес’ со која ја купи Соравија гради на Коридор 8 како подизведувач“, изјави ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.

Според опозициската партија кога Али Ахмети ќе заврши со објаснувањата за внукот да каже како струшкиот градоначалник Рамиз Мерко се најде на црната листа на САД.

„ДУИ е партија која е потврдена за криминална, а нејзините членови се потврдени криминалци од Стејт Департментот. Наместо во власт, луѓето од ДУИ треба да се најдат пред суд. Од обвиненија ги спасува само Ислам Абази, кој го инсталираа на чело на ОЈО ГОКК, и СДСМ со Јовевски. Доаѓа време за ДУИ во опозиција и за одговорност за сите криминали“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости