ВМРО-ДПМНЕ: Член на УО на „Телеком“ зема месечна плата од 11 500 евра

by Fokus

Голем број владини функционери земаат месечни плати неколкукратно поголеми од минималната, додека народот тоне во сиромаштија, изјави денеска на прес-конференција Ивица Томовски, член на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дел од аферата ‘Паразити’ е Томислав Тунтев, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство, кој зема плата од 203 000 денари месечно, односно 3 300 евра. Тоа се 40 000 евра за една година. Додека народот има просечна плата од 470 евра. Јавноста ниту го видела Тунтев по заминувањето од функцијата пратеник ниту слушнала за неговата работа. Тунтев не е директор во Германија или некоја друга развиена земја, тој е именуван функционер од Владата во Македонија. Во Македонија во која народот не може да се прехрани, а тој зема годишна плата од 40 000 евра. И за еден мандат ќе инкасира цели 160 000 евра“посочи Томовски.

Дел од аферата „Паразити“, додаде тој, е и директорот на ПУИК, Зоран Ѓорѓиев, со месечна плата од 105 000 денари. Тој за една година наплаќа 1 260 000 денари, односно 21 000 евра, рече Томевски.

„Никола Љушев, како дел од УО на ‘Телеком’, зема месечна плата од 713 000 денари, односно 11 500 евра. За една година тоа се 139 000 евра, а за еден мандат од 4 години 560 000 евра. Љупчо Зиков, дежурен аналитичар на власта, а во принцип именуван функционер, месечно од МЕПСО зема 80 000 денари, што за една година е 960 000 денари или 16 000 евра. Во текот на еден мандат тој од оваа енергетска компанија ќе инкасира 54 000 евра“ изјави Томовски.

ВМРО-ДПМНЕ вчера ја отвори аферата „Паразити“ и почна со изнесување податоци за висината на месечните примања на дел од директорите во М-НАВ.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Фахрудин Хамиди, претседател на Управниот одбор и извршен директор во СВН во М-НАВ, кој е именуван од страна на Владата, месечно зема плата од 345 000 денари, а членот на УО и извршен директор во СВТ на М-НАВ, Владо Крстевски, зема плата од 266 000 денари месечно

Поврзани новости