Ја разбираме нервозата на СДС, впрочем и нема анкета на која што водат. Не е проблемот до бројките, туку до неспособноста и криминалот на владата водена од ДУИ и СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ за последната анкета која покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има стабилна предност во однос на другите политички партии.
-Бројките се само одраз на незадоволството на народот од неспособноста на Ковачевски и Ахмети.
Не може Груби од батлер во амбасада да стане милионер, или Ковачевски во јавноста да шири шовинизам и да навредува, а зад камерите да му врти броилото од бизнисот со соларни панели, и да мисли дека народот не го гледа сето ова.
Поддршката за ВМРО ДПМНЕ значи дека народот гледа надеж, а за нас тоа значи одговорност да ја извадиме земјата од калта на криминалот и неспособноста на СДС и ДУИ, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.