ВМРО-ДПМНЕ: Бројката на починати од корона надмина 100 лица, а на Заев му се брза на избори

by Fokus

Заев и СДСМ ја користат епидемијата со корона вирус да си делат милионски бизниси, концесии и да прават класичен изборен поткуп на гласачи. Заради нивното неодговорно однесување во Македонија имавме црн викенд, а само вчера беа регистрирани нови 30 заболени и 3-ца починати. Со тоа Македонија ја надмина бројката од 100 жртви, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Македонија е црн рекордер во регионот по смртност на милион жители и имаме повеќе жртви од Бугарија, Албанија и Грција заедно. Македонија е земја во која нема никаква стратегија за решавање на економската криза која следи по здравствената, па така имаме најмал процент од БДП одвоен за помош на економијата и стопанството. Македонија е земја во која повеќе се одвојува за договорни услуги, стоки и услуги и други непродуктивни трансфери, отколку што се одвојува за поддршка на здравствениот систем и изградба на капитални инвестиции. Македонија е земја во која буџетската дупка за првите месеци е 200 милиони евра, без притоа да се пресметаат економските последици од кризата. Тоа е нов долг за секое семејство од околу 420 евра, велат од опозицијата.

Според нив ова покажува како неспособната власт на Заев и СДСМ се справуваа со здравствената и економската криза.

-Заев и СДСМ и по цена на животи и по цена на економски колапс брзаат да одат на избори само за да го ублажат поразот. ВМРО-ДПМНЕ ќе ги победи нивните штетните политики кога и да се одржат изборите, но интересот на граѓаните и на државата ни се пред се. ВМРО ДПМНЕ е различно од СДСМ. Со СДСМ и Заев, добивме хибриден режим неспособност, криминал и сиромаштија, порачуваат од опозицијата

Поврзани новости