ВМРО-ДПМНЕ: Бришењето на предметот историја доаѓа во моменти кога Заев ретушира историја и преговара за идентитетот

by fokus

Дали директно по налог на Зоран Заев денеска власта ја брише националната историјата од образовната програма? Зошто и на Заев би му пречело изучување и запознавањето на идните генерации со македонската национална историја? Што е целта на образовна програма која што во себе не би содржела елементи на националната историја?, прашува во видео обраќање пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Васиелвска.

Според нејзе, концептот кој го презентираше министерката за образование, Мила Царовска е далеку од образовен концепт.

-За жал тука препознаваме само обид за расцепкување на историските учебници, фрлање на историски факти во заборав и сето тоа заради прилагодување на историјата кон политичките потреби на СДСМ. Овој и ваков зафат остава впечаток само на рака поставена врз образованието од тешки тоталитарни режими, опишани токму од светската историја. Бришењето на предметот историја од основното образование доаѓа во моменти кога Заев ретушира историја и преговара за идентитетот, вели Василевска.

Бараат повлекување на концептот и отворање на широка и детална презентација на содржините кои се отфрлени и оние кои би останале во образовниот процес, како и на широка и детална јавна дебата во која ќе бидат вклучени сите релевантни фактори, институции, институти и научни титули.

Поврзани новости