ВМРО-ДПМНЕ бара од Брисел да го осуди, според нив, бруталното партизирање на администрацијата по принцип од „чистачка до директор“.
„Започна партизацијата на администрацијата по принципот на Заев „од чистачка до директор“.Во еден ден беа обезглавени бројни институции со разрешувањето на членовите на сите управни и надзорни одбори на јавните претпријатија, здравствени установи, центри за социјална работа, агенции и други правни лица, без исклучок.Стотици висококвалификувани луѓе беа отстранети од овие одбори за да се инсталираат партиските послушници на Заев и СДС, без воопшто да размислат какви може да бидат последиците од нивните аматерски и дилетантски акции штетни за државата“, изјави Емилија Александрова на прес конференција.
Според неа, по разрешувањето на сите членови на управниот одбор на Фондот за здравство нема кој да одлучува во втор степен по жалба за лекување во странство и на тој начин директно се загрозува животот на здравствените осигуреници.
„Бараме Европската комисија да остане доследна и да го осуди бруталното партизирање на државата од страна на Заев и СДС. Македонија не е приватна фирма на Заев или менувачница на Вицето за со неа да си играат како што сакаат, парализирајќи ги институциите и загрозувајќи го животот на граѓаните само за да ги наполнат со партиски послушници“, изјави Александрова.