Оставката на патеникот Павле Богоевски е само затскривање на големите криминалци во владата, како Зоран Заев, обвинуваат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Иако целата јавност го виде како бара мито во висина од 200.000 евра, Заев се уште е на слобода затоа што судството е под негова контрола. Претходно Заев беше аболициран за криминал тежок 8 милиони евра. Заев пред целата македонска јавност во ек на кампањата за референдумот повика на поткуп за гласање, а разрешница за случајот нема. Оставката на Богоевски е само бледо затскривање зад моралноста, а Заев кој е жив фатен во криминал се уште е на позицијата премиер, а постапките против него се прекинати. Наместо само оставка потребна е кривична одговорност“, стои во соопштението на опозициската партија.
Од таму додаваат дека местото на Заев и Богоевски не е во политиката, туку во казнено-поправна установа, каде, како што велат, тие ќе се дружат по воспоставувањето на правна држава.