ВМРО-ДПМНЕ: Бисера Антоанета без грам совест иако не патувала, фактурите ги носела за да ги оправда парите

by Fokus

Аздисаноста на СДС, конкретно на Бисера Антоанета никако не сопирала. Секој поминат ден во Министерството за култура бил прилика како да ги искористи за себе народните пари, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму велат дека освен чорапи, хулахопки, мечиња, топки, изнајмување на скапи станови, ексминистерката Бисера Костадиновска Стојчевска купувала и авионски карти за Дубаи од 3000 евра за наводно службено патување, а потоа не одела.

„Без грам совест иако не патувала, фактурите ги носела за да ги оправда парите.

Освен овие, таа платила и две авионски карти за Лондон. Авионските карти биле на релација Приштина-Лондон во еден правец, платила за истите речиси 900 евра и не заминала повторно на патувањето. Како човек на кој не му е гајле како се трошат народните парите, таа и за ова нереализирано патување си носела документи да ги оправда.

Оттука е логично да се постави прашањето зошто Бисера Антоанета купувала карти, а не заминувала на патување, имала ли таа план и програма по која работи, зошто не можела да предвиди каде оди и за каде да купува карти.

Ова аздисано однесување на Бисера Антоанета е еден од многуте докази на расипничкото однесување на СДС и како ја ограбиле државата.

Со детали за расипничкото однесување продолжуваме и денес“ порачаа од владејачката партија.

Поврзани новости