ВМРО-ДПМНЕ биле во комуникација со сите политички субјекти, но не откриваат детали за преговорите

by Frosina Fakova

ВМРО-ДПМНЕ е во постојана комуникација со сите политички субјекти во Македонија, тоа не е исклучок ни сега. Во интерес на разговорите во насока на формирање ново владино мнозинство апсолутно нема да откривам детали токму во интерес на успехот на тие разговори, вели партискиот портпарол, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање дали веќе преговараат за формирање на влада.

Тие не откриваат ниту дали на конститутивната седница во вторник ќе се знае како ќе се позиционира партијата.

-Ајде да почекаме да дојде конститутивната седница да се одржи па понатаму сѐ, вели Стоилковски.

Поврзани новости