Крешник Бектешки како министер за економија нема да избега од одговорноста за криминалот кој се прави во енергетскиот систем во Македонија, порачува опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
-Крешник Бектеши повторно не одговори зошто и како со години жителите на Арачиново не плаќале сметки за електрична енергија и направиле милионска штета, која ја платиле сите други граѓани кои редовно плаќаат сметки за електрична енергија.
Бектеши како министер за економија нема да избега од одговорноста за криминалот кои се прави со тендери со години во РЕК Битола, но не само за криминалот, туку и за уништувањето на енергетските капацитети заради неапособноста на ДУИ и СДСМ.
Пред целата македонска јавност Крешник Бектеши лажеше за цената на електричната енергија за компаниите големи потрошувачи. Големите компании во Македонија плаќаат над 400% повисока цена на електрична енергија, многу повисока од сите земји во нашето опкружување. Затоа што овие криминалци и неспособни министри навремено не превенираа за производство и набавка на електрична енергија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.