ВМРО-ДПМНЕ: Барањата на Кирил Петков не смее да влезат во преговарачката рамка

by fokus

Бугарските и барањата на бугарскиот премиер Кирил Петков во никој случај не смее да влезат во преговарачката рамка за членство во Европската Унија, бидејќи во спротивно тоа ќе значи капитулација на Македонија и бришење на македонскиот идентитет, јазик и историја, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против и нема да прифати асимилација и бугаризација на Македонија и македонскиот народ преку хегемонистичките и радикални барања кои доаѓаат од бугарска страна.

Тоа што Петков го поставува како услов за да се тргне ветото со прифаќање на бугарската резолуција од 2019 година, значи комплетно бришење на се македонско пред 1944 година, односно прифаќање дека македонскиот народ, историја и јазик се дотогаш биле бугарски. Тоа е неприфатливо и недозволиво.

Власта да не се дрзне и самоволно да прифати таква капитулација, да ги понижи националните интереси и македонското достоинство во обид да опстанат на власт, удоволувајќи и спасувајќи политичката кариера на Петков, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости