ВМРО-ДПМНЕ: Бараме да се обезбеди фонд од 10 милиони евра за медицинска заштита и за се што е потребно

by Fokus

Пандемијата коси, а здравствените рaботници се најзаслужни што таа не излезе од контрола и тие со својата жртва нудат сигурност и спокој кај грѓаните. Во време кога на здравствените работници им е потребна поддршка, како морална така и од аспект на заштитна опрема, владата крева раменици и замижува пред она што се случува, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Голем дел од здравствените институции и здравствени работници се без неопходната заштита. Загрижувачки е фактот што над 17 отсто од вкупно заразените со коронавирус во Република Македонија се доктори и медицински персонал и сите оние кои што секојдневно се на првата линија. Тоа е недозволиво. Честа појава е здравствените работници да се снабдуваат самите со се што им е потребно за работа. Владата и министерот за здравство Филипче треба да дадат одговор зошто е дозволена ваквата ситуација и до кога ќе расте бројот на заразени здравствени работници? Дали оние кои секојдневно се во отворена борба со коронавирусот заслужуваат ваков третман?, прашуваат во соопштението од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Тие бараат да се обезбеди фонд од 10 милиони евра за медицинска заштита и за се што е потребно. Да се направи централизирана набавка на целокупниот потребен материјал кој е неопходен за работа на здравствените работници и со тоа да се намали бројот на заразени од коронавирусот во здравствените установи.

-Доколку владата не реагира брзо на барањата, ќе се соочиме со нови заразени во здравствените установи со што ќе се намалат капацитетите на здравствениот систем. Во овие моменти е најважно здравјето на граѓаните, а тоа зависи од здравјето и безбедноста на здравствените работници, порачуваат тие.

 

Поврзани новости