468
Собранието утре во 11 часот ќе ја продолжи маратонската расправа за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски.
На барањето на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во недела да не работат, претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека токму тие со бројните реплики на нивните говорници ја поставиле динамиката на работа.
– Како да дојдеме до следни точки од дневниот ред додека не ја исцрпиме оваа седница? Нема поинаков начин како да ја водам седницата, рече Џафери.