ВМРО-ДПМНЕ изразува згрозување од дрскоста и безобразлукот на Љупчо Зиков кој е именуван функционер од Владата на Ковачевски. Тој ја навреди јавноста и сите кои бараа одговори од него за енормната висина на плата која ја добива од државното МЕПСО“, соопштија вечерва од Белата палата.
„После недоличните и крајно безобразни навреди на Љупчо Зиков кој е на функција во МЕПСО со примања од 80 илјади денари добиени од граѓаните очекуваме Ковачевски експресно да го разреши.
Во спротивно однесувањето на Зиков и навредите ги сметаме за нарачка од Димитар Ковачевски“, додаваат оттаму.
Од партијата претходно објавија дека Зиков зема 120.000 денари како директор во државната компанија МЕПСО.
Зиков, пак, во објава на социјалните медиуми напиша: „јадете г***а за мене колку сакате, само добра фотка ставете”.