613
Два дена по потпишувањето на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение до јавноста побара од Владата да го поништи документот .
„Владата се уште има шанса да се повлече. Договорот е штетен и не ги почитува интересите на македонскиот народ и на Република Македонија. Договор со Бугарија треба да има, но еквивалентен во правата и обврските и во кој ќе се почитуваат националните и државни интереси на Република Македонија“, подвлекува партијата.
Од таму нагласуваат дека нема да му дадат поддршка на документот.