Сите парламентарни и вонпарламентарни партии да ја поддржат декларацијата за Гоце Делчев и тоа да биде праг кој нема да може да се пречекори. Ова го бара опозициската ВМРО-ДПМНЕ, за како што велат да се зачува симболот на македонскиот народ. На партиска трибина, истакнаа дека Гоце е Македонија и тој е нераскинлив дел од колективната меморија на македонскиот народ.
Во меѓувреме, македонскиот копретседавач со историската комисијата кој беше обвинет за минирање на процесот на преговори со барањето да се замрзне работата на комисијата, во интервју за радио Слободна Европа вели дека тешко е да се следи темпото на работа кое го неметнуваат политичарите.
Ѓорѓиев смета дека погрешна е употребата на терминот фашистичка Бугарија. Вели, земјата ги поддржувала фашистичките сојузници, ама немала фашистичко уредување.
Мешовитата макеоднско-бугартска комисија нова средба ќе има на 28 февруари, таа ќе биде прва по формирањето на меѓувладините комисии кои треба да ги интензивираат преговорите меѓу двете држави.