ВМРО-ДПМНЕ бара разрешување на Комисијата за заразни болести

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност и разрешување на Комисијата за заразни болести и итно формирање нова составена од експерти и натпартиски решенија, кои ќе донесат итен пакет мерки за заштита на здравјето на граѓаните.

Според Дафина Стојаноска од ВМРО-ДПМНЕ, се поставува сериозен сомнеж за нејзината работа и препораките што нејзините членови ги даваат во изминатиот период.

„Тие се под политички притисок, наместо да го гледаат здравјето на граѓаните. Најголемиот дел се директори поставени од оваа власт, дури има и кандидат за пратеник. Но ова не е време за водење политика, туку за носење одлуки за заштита на здравјето на граѓаните. Комисијата, исто како и Владата, потфрли, а бројката на новозаразени потврдува дека е доведено здравјето на граѓаните во опасност“, истакна Стојановска.

.

Поврзани новости