ВМРО-ДПМНЕ бара работни групи од сите партии да работат на нов закон за јазици

by fokus

Владата да го повлече неуставниот Закон за употреба на јазиците и да бидат формирани работни групи кои ќе ги сочинуваат претставници од сите пратенички групи во Собранието, експертската јавност, претставници од Кабинетот на претседателот Иванов кои ќе работат на ново законско решение, побараа денеска од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

-Со сегашниот закон се надминува Уставот, се влијае и на менување на карактерот на државата, притоа загрозувајќи го нејзиниот суверенитетот и доведувајќи ја во прашање нејзината унитарност, рече генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Според Јанушев доколку Владата не одговори позитивно на ваквото барање на ВМРО-ДПМНЕ, уште еднаш ќе го потврди својот не демократски концепт на делување.

 

Поврзани новости