ВМРО-ДПМНЕ бара прогласување вонредна состојба: Ова е геноцид врз населението

by fokus

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски вечерва во име на партијата побара прогласување вонредна состојба во Скопје поради енормната загаденост на воздухот.

-Владата во координација со Град Скопје да прогласат вонредна состојба, да се преземат вонредни мерки во училиштата, институциите и градилиштата. Се поинаку од итна интервенција, е намерна негрижа, намерно изложување на опасност на жителите на Скопје и намерно загрозување на здравјето и на иднината на Република Македонија, рече Стоилковски.

Тој додаде дека во моментов вредноста на ПМ честичките изнесува 212, 112 над 100-ката која што се мери на ПМ10 честички, на единствената мерна станица која што работи од 6-те во Општина Аеродром.

-Ветуваа алпски чист воздух, добивме смртоносно загаден воздух. Црвениот аларм треба да се вклучи. Ова е геноцид врз населението во Скопје. Навечер вредностите на загаденост во Аеродром достигнуваат до 1.000 мерни единици, рече Стоилковски.

Поврзани новости