ВМРО ДПМНЕ бара поништување на одлуката за нови имиња на улиците

by Fokus

На предлог на советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, Советот на Град Скопје на денешната трета седница со 24 гласа „за“ и 19 „против“ на дневниот ред ја додаде и точката за „Одлука за поништување на одлука за определување и промена на имиња на улици, мостови и плоштади на подрачјето на Град Скопје“.

– Тоа е одлука која што е донесена од претходниот состав и пред изборите и тоа се коси со одредени законски процедури и истата е заглавена во Централниот регистар на Република Македонија. Освен тоа што е донесена несоодвентно и во несоодветно време, според информациите со кој што располагаме, истата има и низа неправилности т.е. недоречености и фали извесна документација за ова одлука. Од овие причини барам овој дневен ред да се надополни и со ова точка како би можело да се исправат сите недоследности во носењето и процедурите на веќе донесената одлука, рече советничката Адноновска.

Поврзани новости