ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Каевски

by fokus

Дарко Каевски треба да одговара и да си даде оставка од функцијата директор на Агенцијата за млади и спорт, поднесувајќи одговорност за скандалот на очиглед на целата македонска јавност. Одговорност мора да има за скандалозните стихотворби кои излегоа во јавност и изобилуваат со шовинизам, говор на омраза и тоа треба да го направи веднаш, истакна Стефан Андоновски.

-Дарко Каевски кој самиот се фати во лага, каде што рече дека се објавени 44 творби во збирката и дека претседателот на комисијата за издавање не знаел дека треба да се селектираат творбите, а на поетското читање агенцијата објави дека 48 автори испратиле творби, вчера вели и дека не знаел дека е ставен за уредник на збирката. Прашуваме: колку сума на државни пари за објавување на оваа книга се исплатени? Дали Дарко Каевски ќе ги врати парите кои се исплатени за книгата, а се на штета на граѓаните на Република Македонија? За да биде скандалот уште поголем, сите се оградија од Агенцијата за млади и спорт, па дури и авторот кој е потпишан вели дека е злоупотребено неговото име. Има ли пилот во авионот наречен Агенција за млади и спорт? За само 10 месеци Дарко Каевски од Агенцијата за млади и спорт од најдобра институција, успеа да направи траги-комична институција, која шири шовинизам и говор на омраза. Срамно! – изјави Андоновски.

Одговорност за ова мора да има, смета Андоновски, а Дарко Каевски, според него, веднаш треба да си даде оставка и да биде пример за сите други функционери од оваа власт.

Поврзани новости