ВМРО-ДПМНЕ бара оставка и од Заев како гаранција за независна истрага

by fokus

Оставката на Венко Филипче не е доволна, потребно е оставка на Зоран Заев кој е централниот дел на пирамидата на нефункционирањето на системот, реагираат вечерва од опозициската ВМРО-ДПМНЕ откако министерот Филипче понуди оставка.

-Само оставка на Заев ќе гарантира независна и објективна истрага. 15 животи згаснаа во институција за чија безбедност е должна и одговорна државата. Заев да не се крие позади оставката на Филипче. Овој народ виде оставки кои не беа чин на одговорност туку чин на амнестија, како што беше таа на Кирацовски или Рашкоски, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости