ВМРО-ДПМНЕ бара од Спасовски да го смени началникот на СВР Струмица

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ги обвини министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски дека два дена молчи за инцидентот во Струмица, во кој полицаец застрела и рани двајца малолетници, „наместо да соопшти детали и да искаже жалење“.

– Оливер Спасовски правеше спектакл од неиспран автомобил, а сега се крие и го нема да изусти барем збор на сочувство за двете деца кои беа застрелани заради непрофесионалноста и неспособноста на неговата партиска полиција – истакна Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ

Партијата бара од Спасовски да го смени началникот на Секторот за внатрешни работи Струмица, Трајанчо Пројковски, кој според нив е одговорен за инцидентот.

– Шеснаесетгодишно момче уште се бори за живот на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување, а Оливер Спасовски се крие и не одговара на барањата за смена на началникот Трајанчо Пројковски одговорен за полицијата која скандалозно пукаше во деца…Граѓаните очекуваат санкции и крај на полициската бруталност – додава Ѓорѓиевски.

Поврзани новости