478
ВМРО-ДПМНЕ преку својот лидер Христијан Мицкоски вечерва испорача две барања: Смена на државниот јавен обвинител и формирање на анкетна комисија.
-Менување на државниот јавен обвинител и назначување на нов, предложен од опозицијата за да ги испита сите нерегуларности на референдумот, но и на целото владеење на СДСМ во изминатава година ипол. Да се формира и анкетна комисија која ќе ги испита сите нерегуларности. Револтот на граѓаните е огромен и немаат доверба во институциите, рече Мицкоски.