ВМРО-ДПМНЕ бара Ковачевски и министрите да ја платат штетата од 20 милиони за Клинички

by fokus

Наместо од буџетот, премиерот Димитар Ковачевски и министрите да ја покријат штетата од 20 милиони евра што наводно ја бара италијанската фирма која требаше да го гради новиот Клинички во 2017 како отштета за раскинување на договорот.

-Скопје веќе ќе имаше Клинички центар, кој требаше да почне со изградба во 2017 година, доколку Владата на СДС не го запре процесот за кој имаше проект и обезбедени средства, тој Клиничли центар ќе чинеше 120 милиони евра, а не над половина милијарда како што заговараше СДС подоцна.

5 години подоцна откако СДС го уништи цел процес, Скопје нема нов Клинички центар, а Владата треба да исплати 20 милиони евра народни пари отштета на фирмата која требаше да го гради истиот.

Државата е донесена во позиција да плаќа штета причинета од незрели политики на владејачката елита, затоа наместо од буџетот Ковачевски и министрите да ја покријат штетата која ја причиниле. Власта влезе во процес за нов клинички центар три пати поскап од тој што можеше да се изгради за да прави криминал, бара ВМРО-ДПМНЕ.

Информацијата дека не 8,5 милиони евра, туку близу 20 милиони евра бара италијанската фирма како оштета, се уште не е официјално потврдена.

Поврзани новости