ВМРО-ДПМНЕ бара јавниот обвинител да се бира со двотретинско мнозинство

by Fokus

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара две измени по брза постапка во Законот за јавно обвинителство. Тоа беше побарано на денешната седница на Собранието на Република Македонија на која меѓу другото на дневен ред е и разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

– Втората измена којашто ја бараат од ВМРО-ДПМЕ е тој да се бира со двотретинско мнозинство што, како што рекоа, би дало гаранција дека еден јавен обвинител ќе го надрасне мандатот на секоја влада. Таквиот начин на бирање ќе го стави обвинителот над политиката и ќе се смени досегашната пракса со секоја нова влада да се менува и јавниот обвинител – истакна Илија Димовски.

Собранието го одби предлогот за имени по брза постапка. Димовски најави дека предлогот ќе го поднесат и по редовна постапка.

Поврзани новости